
#NoTraceOfYou
Сеќавање на исчезнатите мигранти
Поддршка за нивните семејства
Исчезнати, но не заборавени
Во 2021 година, речиси 3,300* мигранти загинале или исчезнале додека се обидувале да стигнат до Европа.
*Бројка од проектот „Исчезнати мигранти “, Меѓународна организација за миграции (ИОМ)


Оваа застрашувачка бројка – еднаква на капацитетот на еден океански брод или трибина на фудбалски стадион – ги претставува само документираните случаи. Вистинскиот број на исчезнати луѓе на миграциската рута кон Европа е многу поголем. Од 2014 година исчезнаа десетици илјади мигранти за кои никогаш повеќе нема да се слушне. Нивните семејства мора да ја издржат секојдневната болка чекајќи каква било вест и надевајќи се.
Сè додека луѓето се принудени да ги ризикуваат своите животи на опасните миграциски рути, билансот на човечки жртви ќе продолжи да расте.
Погледнете го нашето видео
Губење на контакт: пет главни причини

Губење на мобилен телефон или пасворд

Губење на податоци за контакт од семејството или саканите

Разделени семејства на границите

Притвор

Смрт
Семејствата на исчезнатите луѓе живеат во состојба на константна неизвесност
Дали се живи или мртви? Бесконечното чекање, заедно со измешаните чувства на надеж и загриженост што ги доживуваат семејствата на исчезнатите луѓе, го сочинуваат она што психолозите го опишуваат како „двосмислена загуба “. Без доказ за тоа што им се случило на нивните најблиски, луѓето не можат да почнат да тагуваат. Без разлика колку време поминало, на семејствата им е потребна поддршка и одговори за ментално да се опорават и да продолжат понатаму. Примарнaта одговорност e на државите кои треба да им дадат одговори на семејствата.

Низ што поминуваат семејствата на исчезнатите лица

Психолошка болка поради двосмислена загуба и неможност за тагување

Ризик од сиромаштија

Животoт е во застој/неизвесност (проблеми со наследство, правни пречки, неможност за повторно стапување во брак)
Работиме за да обезбедиме одговори и поддршка за семејствата
Повеќе од 150 години, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина помагаат да се лоцираат луѓето кои се разделени поради вооружени конфликти, природни катастрофи или долж миграциските рути да се вратат во контакт со нивните сакани. Услугата Воспоставување на семејни врски има за цел да го спречи исчезнувањето на луѓе, да им помогне на семејствата да останат во контакт преку телефонски повици и размена на пораки, да ги пронајде исчезнатите лица и да им обезбеди поддршка на семејствата.
Како одговор на зголемениот број на луѓе кои исчезнале на миграциските рути, во 2013 година беше создадена специјална онлајн алатка. Trace the Face има за цел да им помогне на луѓето кои бараат свои исчезнати роднини или од кои биле разделени, долж миграциската рута кон Европа. Неделно во просек едно семејство повторно се обединува благодарение на веб-страницата Trace the Face.


Да ни помогнете во нашата работа е едноставно


Црвениот крст и Црвената полумесечина имаат за цел да помогнат во расветлувањето на судбината на исчезнатите лица и да им дадат одговори на нивните семејства. Нема ништо потрогателно и повредно од радоста на едно семејство кога конечно ќе се обедини. Иако нема ништо потешко од соопштувањето на веста дека саканата личност никогаш нема да се врати, тоа барем им овозможува на семејствата да тагуваат и да почнат со процесот на продолжување понатаму.
За да им помогнеме на уште повеќе семејства, треба да ја подигнеме свеста за нашата услуга Воспоставување на семејни врски. Како можете да помогнете? Едноставно е: можете да ја споделите информацијата за нашата работа и да ја подигнете свеста за овој – често занемаруван – проблем и услугите што ги нудиме. Можете исто така да направите донација на Црвениот крст или Црвената полумесечина во вашата земја или да се вклучите со тоа што ќе станете волонтер.
Преземете акција
Дали сакате да се вклучите, да донирате, да волонтирате или едноставно да дознаете повеќе?
Погледнете што е достапно во вашата земја.
Кои сме ние
Оваа кампања е поддржана од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Централната агенција за следење на МКЦК и Националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Photos:
Sénégal, José Cendon / ICRC, 2016.
Mauritanie, Lucile Marbeau, 2018.
Grèce, Stylianos Papardelas, 2018.
Grèce, Stylianos Papardelas, 2019.